Ана Николиќ и Никола Раѓен прв пат се обратија на јавноста, откако вчера на Божик, ги потпишаа документите за развод после 10 години брачна заедница.

Сакаме да ве известиме дека после 10 години брак, решивме спогодбено да се разведеме. Заедно донесовме одлука да ставиме точка на нашиот брак. Во овој за нас деликатен момент, ве молиме да имате разбирање за нашата и приватноста на нашите деца. Ние, после се, ќе останеме во добри односи и заедно ќе ги воспитуваме нашите ќерки. За нашите кариери, исто како и досега, навреме ќе ве информираме и ќе бидеме отворени за соработка. Благодариме на разбирањето – напишале Ана Кокиќ и Никола Раѓен.

Тие во октовмри 2018 година прославија 10 години брак и имат две ќерки, Нина и Теа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.