И како мајка на Јелена и како дел од „Големиот брат“ во кој се дружеше со Боки 13 – македонската јавност добро ја знае Дивна Карлеуша, но не толку и нејзиниот татко Драган.

На „Инстаграм“ српската ѕвезда сподели фотографија со нејзиниот татко, некогашен тапанар во групата „Про арте“.

 

View this post on Instagram

 

Tata❤️

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Не знам дали знаете, но татко ми свиреше тапани со групата „Про арте“ на песната „Лола“ и тоа беше многу пред неговата полициска кариера, сподели таа со јавноста кога еден натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“ ја испеа песната „Лола“.

Дивна се омажила за Драган на 19 години, а се разведоа кога Јелена беше мала, но тие живееја заедно уште неколку години. По разводот, Драган добил два сина од својот втор брак. Дивна секогаш имала пофални зборови за својот поранешен сопруг затоа што никогаш не ја заборавила љубовта што ја чувствувала на почетокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.