Јелена Карлеуша и ДушкоТошиќ постигнале договор за развод на бракот уште пред неколку недели и официјалната разделба меѓу нив би требала да се случи за еден месец, кога судот ќе го верификува договорот, дознава српски Курир.

Подолго време се шпекулира за тоа дали односите меѓу пејачката и фудбалерот сериозно се разнишани и дека крајот на нивната заедница е неминовен. Можеби и досега нивниот брак ќе имаше ваков епилог, но поради низа непредвидени околности, морал да се се одложи.

Изворот на Курир, упатил на детали од спогодбениот развод на ЈК и Тошиќ и навел дека Душко го иницирал разводот. Првично Карлеуша се противела на тоа, но на крајот се согла сила на сите негови услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.