Пејачката Северина Којиќ, на која судот и го зема детето и му го даде на Милан Поповиќ, има право да го гледа синот во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд. Со оглед на тоа дека денеска е четврток, Северина до истекот на рокот, одосно до 20 часот би требала детето да го предаде на татко му.
Со привремената мерка, чие извршување не ја одлага жалбата на која Северина има право, одредено е и дека со синот може да се дружи секој втор викенд, почнувајќи од оваа сабота. Детето може да го превземе во сабота во 10 часот и да го врати на Милан во недела до 20 часот. Со пресудата е регулирано кога Северина ќе може да го гледа синот за време на летните и зимските распусти, празници.
Зошто судот донел ваква одлука иако детето до сега живееше со мајката, судот во Загреб сепак пресудил во корист на таткото. Според пишувањата на хрватските медиуми, клучен бил Центарот за старателство, чии вработени сметаат дека старателството треба да го добие Милан Поповиќ. Можно е после жалбата на Северина, вишито суд да донесе поинаква одлука, но останува да се0 види.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.