Српскиот пејач Дарко Лазиќ и раперот Слободан Вељковиќ Цоби добиле покана за сослушување во полицијата во Цирих, Швајцарија, откако на „Инстаграм“ споделија кое видно поднапиени мочаат на авионската писта, се дерат и пцујат.
Oбични смртници, гледајте каде сме. Еве го и мојот брат Дарко Лазиќ. Иде гас! Прав џет, сиротињо да ве е*еме во уста!, се дери пијаниот рапер.
Иако уште следниот ден ја избришал објавата, видеото веќе се рашири по интернет, а снимката брзо стигнала и до швајцарската полиција. Тие имаат рок од осум дена да се појават и да дадат изјава по повод инцидентот кој го направиле на аеродромот.
Цоби сега бара адвокат во Цирих заедно да одат на сослушување. Свесен што направил и очекува дека нема да помине неказнето, особено што е во прашање Швајцарика која е позната како најсредена земја и не толерира анархија и дивеење, вели извор близок на фолкерот и реперот.
Наводно, Дарко и Цоби се во паника дека ќе добијат забрана за влез во земјата во која најмногу работат во текот на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.