Синот на Мирсад Кериќ, Денис Кериќ објави на својот Фејсбук профил дека неговиот татко се уште е жив, демантирајќи ги претходните информации дека им подлегнал на повредите.
Како што сите слушнавте преку медиумите, мојот татко Мирсад Кериќ имаше тешка сообраќајна несреќа, мојот татко не умре. Тој се држи на интензивна во болница и се бори за својот живот. Тато се уште е на апарати. Ве молам молете се на Бог за татко ми – напиша Денис.
Сабит Дервишевиќ претходно рече дека од германската болница му јавиле дека на повредите подлегнал и Мирсад Кериќ.
Информацијата од медицинската сестра, фала Богу е неточна. Сега добивме информација дека состојбата на Мирсад е непроменета и дека е тешко. Се надеваме на најдоброто – навел Дервишевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.