Македонската водителка и пејачка, Адријана Алачки, изминатиот викенд имаше убав повод за славење, радување.

Таа на социјалните мрежи сподели дека ќе добие снаа. Нејзиниот син, Благоја Алачки ја побара за сопруга неговата девојка Лина.

Радосните вести Адријана ги соопшти пишувајќи емотивна порака.

Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот…ерупција од емоции…како што доликува со сите нишани…да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие.да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат еден во друг..да им е полна куќата со дечиња….честитки деца мои златни! Од Бога да сте благословени – напиша таа под фотографијата на која се гледа свршеничкиот прстен.

Под објавата се нижеа се честитки, а еве како изгледа идната снаа на Адријана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.