Познатата водителка, пејачка и претседател на кулинарското друштво „Гастромак“ Адријана Алачки со емотивна посвета му го честиташе роденденот на синот Благоја.

Синко мој, токму на овој ден ми се исполни животната желба. Те донесов на овој свет по многу искушенија, здрав и жив. Го слушнав твојот плач, како добредојде на овој свет. Ти го дадов јас името на твојот дедо Благоја, кој неизмерно те сакаше и таа желба ми се оствари. Се радував на секоја твоја насмевка. Од ден во ден како растеше, како проодуваше, прозборуваше, ти раскажував приказни. Ми заспиваше во прегратка пеејќи ти песни. Од година во година, како растеше, секој чекор ти го следев. Секоја твоја промена ја знаев и без да ми ја кажеш.

 

Те израснав во сокол, сега си веќе вистински маж. Сега си свој, сега сѐ е сменето. Гази го ти животот, а не тој тебе. Почитувај ги своите квалитети и корегирај ги маните. Учи се на живот затоа што нималку синко мој не е едноставен. Секој ден предизвици, секој ден е жив оган. Ако не внимаваш ќе изгориш. Потсети се на сѐ што те учев со години.

 

Синко никогаш немој да го изгубиш во себе она што те краси. Човечност и добрата душа. Имај секогаш почитување за секого. Така и душата ќе ти биде мирна. Уживај во секој ден во животот оти допрва ќе осетиш што е борба. Само храбрите победуваат. Оди само напред, никогаш не се врти назад. Назад се животните лекции кои само ти ги знаеш. Сега си во најубавото време, биди свој и горд на тоа што си!

 

А јас како мајка ќе се гордеам со сето она што ти ќе го создаваш и со тоа што си ти. Биди и понатаму моја радост, моја љубов…И дозволи ми да стареам природно…

 

Нека овој роденден ти донесе најубави мигови на среќа и здравје…

 

Среќен роденден сине!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.