Српскиот пејач Дарко Лазиќ неодамна ги потврди гласините дека е во врска со неговата колешка Барбара Бобак, само неколку месеци откако се раздели со свршеницата и мајка на неговиот син Марина Гагиќ. Според некои српски медиуми, причината што јавно зборува за врската со Барбара е затоа што наскоро ќе открие и други добри вести. Имено, пејачот повеќе не крие дека е луд по колешката, и дека сака деца и брак со неа, бидејќи е сигурен дека таа е жената на неговиот живот и треба што поскоро да се ожени со неа.

Штом Барбара му се пожали на Дарко дека не ѝ е добро, тој се моли на Бога да е бремена, објаснува извор близок до пејачот.

Дарко претходно беше во брак со колешката Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена, а потоа се сврши со Марина со која го има синот Алексеј. И двете деца ретко ги гледа.

Дарко навистина се заљуби, Барбара го разбира бидејќи и самата е пејачка, па затоа не му забележува и не го прекорува ако заглави по настапите, иако често е со него кога тој има тезги, бидејќи работат заедно. Некако најде мир со неа и мисли дека нема што да одолговлекува. Едвај чека таа да забремени и да ја ожени. Вели дека третиот брак е трета среќа, па дури и се фали дека штом ќе ја забремени, ќе ѝ купи стан во Белград на вода или каде било, каде што таа ќе посака. И таа е луда по Дарко, некако се најдоа и се гледа дека се сакаат и се задоволни. Би било убаво Дарко да има среќен живот со неа. Се обиде и со Ана Севиќ и со Марина, но, за жал, не успеаја, заклучува изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.