Душко Тошиќ поднел барање за развод од Јелена Карлеуша, пишува срски „Ало“, додавајќи дека фудбалерот не сакал да ѝ ја прости аферата со Огњен Врањеш, ниту, пак, да го дели своето богатство со неа. Душко, наводно веќе контактирал со адвокат и сака да го забрза процесот на развод. Тој ја избркал Јелена од Кина, но, како што пишуваат српските медиуми, таа не сакала да си оди оттаму.
Порталот се повикува на близок пријател и соиграч на Душко, кој открил дека неколку часа откако се појавиле пораките меѓу Јелена и Огњен, Тошиќ побарал контакт од добар адвокат за разводи. Но, фудбалерот ќе даде сè од себе разводот да помине што побезболно, како за него, така и за децата, поради што и не размислува да се бори за семејната недвижност која неодамна ѝ ја купи на Карлеуша.
Куќата чинеше 2,5 милиони евра и тој планира неа да им ја остави на ќерките и Јелена, бидејќи сака да бидат на сигурно. Освен огромната куќа, Душко на сметка има повеќе од 350.000 евра, што е многу помалку од 4,5 милиони евра, кои ги заработи во Турција.
Кога почна целата приказна за Јелена со Огњен, сите ние што добро го познаваме Душко му рековме дека се ќе помине, ако не се појават докази. Откако беа објавени слики, снимки и пораки и цела Србија ја виде неговата жена со друго момче, тој веќе не можеше да издржи. Најтешко му беше кога беа објавени пораките каде таа на љубовникот му кажува дека Душко ѝ е како брат и го опишува до детали. Е тука Душко пукна, рекол изворот за „Ало“.
Ниту Душко, ниту Јелена засега не ја потврдиле веста за разводот.
Бидејќи по неколку месеци ќе легнат поголем дел од милионите од Кина, Душко планира ова што сега го има на сметка да и го остави на Јелена и децата, вели извор близок до Душко, кој додал дека фудбалерот ќе се погрижи ќерките Атина и Ника да бидат доживотно осигурени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.