Ќерката на шкотскиот актер, Еван Мекгрегор, Клара Матилда Мекгрегор, прошета на црвениот тепих со повреди на лицето.

Како што Клара објаснува на Инстаграм, повредите ги добила кога куче ја гризнало за носот и под левото око, но и покрај тоа, таа не сакала да ја пропушти премиерата на трилерот „Роденденската торта“ во кој игра со нејзиниот славен татко .

Она кога куче ве касне и ве испрати во Брза помош половина час пред црвениот тепих – напиша Клара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clara McGregor (@claramcgregor)

Клара е најстарата од четирите деца што Мекгрегор ги доби во бракот со неговата поранешна сопруга, Ева Мавракис.

Иако последниве години се занимаваше со манекенство, дури и се фотографираше за „Плејбој“, Клара одлучи да тргне по стапките на нејзиниот славен татко и да стане холивудска актерка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.