Сѐ посериозно размислувам да станам мајка, изјави српската пејачка Марија Шерифовиќ во последното интервју кое го даде по завршувањето на доделувањето на регионални музички награди MAC каде што беше прогласена за најдобра пејачка.

– Тоа е најголемата животна победа. Морам да признаам дека посебно се радувам на самата помисла да се реализирам како родител – раскажува Шерифовиќ.

Поранешната евровизиска претставничка не го исклучува и посвојувањето како опција, но на таков чекор, вели, сѐ уште не е подготвена.

Тоа е највозвишеното нешто кое еден човек може да го направи. Им се восхитувам на луѓето кои се подготвени на тоа – додава Марија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.