Вистински предизвик покрај сите обврски е да се одржува здрав животен стил, односно да се вежба и правилно да се храните. Луѓето денес се зафатени, трчаат од состанок на состанок и повеќето време го минуваат на работа.
Сепак, многу е важно да се храните здраво и редовно да вежбате, а тоа најдобро го знае 72. годишната пејачка Шер.Оваа икона минатата година покажала дека може да издржи петминутен планк а ги следи и правилата на вегетаријанската исхрана.
“Не сакам месо и повеќето работи кои ги јадам се здрави“, открила пејачката и глумица.
Ретко пие или пуши и не се дрогира.
„Постојат работи кои не се здрави, а јас ионака не уживам во нив, како дрога и алкохол. Едно време пушев, а алкохол пијам во многу ретки пригоди, само три или четири пати годишно“, вели Шер.
Со текот на годините научила која храна и одговара и води сметка за тоа.
„Млечните производи не се добри. Ако морам да конзумирам млеко, ќе изберам посно. Сирењето го сметам за најлоша работа за телото. Мрсно е и ќе го зголеми нивото на холестерол во крвта“, појаснува таа.
Кога е на снимање се храни со батат и салати, но во правило избира интегрален ориз, мешунки, најчесто леќа, зеленчук, тестенини и овошје.
“Тестенината ми дава многу енергија, како и овошјето како банани, папаја и нектарина, бидејќи содржат многу шеќер но е природен“, додала таа.
Со текот на годините научила и да сурфа а во теретана минува пет дена во неделата.
„Тоа е нешто што отсекогаш го правам и во тоа едноставно уживам“ заклучила Шер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.