Турските ѕвезди Бергузар Корел и Халит Ергенч, кои ја освоија македонската публика со улогите во серијата „1001 ноќ“, неодамна прославија 11 години брак.

Актерката на својот сакан му честиташе така што објави заедничка фотографија, а во описот цитираше љубовна поезија, а тој неа ја однесе на двонеделно крстарење.

Познатиот пар планира поголемиот дел од времето да го помине во Бодурм во кругот на семејството и пријатели, но следбениците им забележаа само една работа.

Убаво е да се види дека луѓето се сакаат, но претераа. Посебно затоа што нивниот син е со нив додека страсно разменуваат нежности, изјави еден очевидец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.