Колумбиската поп-sвезда Шакира може да се најде на обвинителна клупа откако шпанскиот суд одлучи дека има „доволно индиции“ за да и се суди на планетарно-популарната пејачка за даночна измама.
Државното обвинителство на Барселона ја обвинува 44-годишната музичарка дека не платила вкупно 14,5 милиони евра данок во Шпанија помеѓу 2012 и 2014 година.
Пејачката ја негира вината.
Доколку не се постигне вонсудска спогодба, Шакира може да заврши на обвинителна клупа и да оди во затвор, објави „Ла Вангуардија“.
Позадината на спорот е прашањето дали се барало од Шакира да плаќа данок во споменатиот период. Државното обвинителство тврди дека пејачката живеела во Шпанија повеќе од 183 дена, секоја од трите спорни години, поради што смета дека требала да плати данок за вкупниот приход во Шпанија.
Шакира, пак, посочува дека од 2012 до 2014 година била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија, и дека само повремено патувала во Шпанија.
Шакира веќе десет години е во врска со фудбалерот на Барселона, Жерар Пике и имаат две деца. Пејачката тврди дека официјално живее во Шпанија од 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.