Пред 25 години, на 17 февруари, во Виена, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ е избоден со нож и едвај останал жив. Истиот ден, две и пол децении подоцна, кралот на народната музика го изгуби животот во тешка сообраќна несреќа. Семејството Шаулиќ со години го славеле 17 февруари како втор роденден на Шабан, а никому не му паднало на памет дека пејачот токму на тој ден ќе го изгуби животот.
Во шок сме што загина на истиот ден на кој пред 25 година беше избоден со нож и едвај сотана жив. Тоа е неверојатно! Повеќе од две децении, Гоца секоја година на овој ден пали свеќи во црква и сече колач. Тој ден семејството на Шабан му го славеше како втор роденден. И тоа се почитуваше секоја година, без оглед каде биле. Кога биле на пат, Гоца имала обврска да пронајде црква во која палела свеќи. Страшно е што го изгуби животот токму на тој ден. Дали е тоа судбина или лоша карма, не знам – раскажал извор близок до семејството на Шабан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.