Денеска беше погребан Шабан Шаулиќ. Во вечното почивалиште го испратија многумина, но не и неговиот вонбрачен син, како што претходно пишуваа медиумите.

Тапанарот кој настапувал со Шабан, Саша Иметовиќ Бата, кој бил упатен во односот на починатиот пејач и неговиот вонбрачен син, открил малку познати детали на јавноста.

Го познавам синот на Шабан од вонбрачната заедница. Лично знам дека Шабан му даваше по 500 евра месечно на Роберт Шаулиќ порано, а што се случи подоцна не знам. Ми се чини како нешто да не е во ред со него, татко му го испочитува додека беше жив. Тој живее во Зрењанин и него го чува некоја баба. Која е таа не знам. Знам само дека тој и Шабан многу личат – рекол Иметовиќ.

Пред две години медиумите пренесоа дека Роберт Шаулиќ е тешко болен и врзан за кревет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.