Гордана Шаулиќ одлучи својот сопруг да го испрати со стиховите од песната „Не плачи душо“, која тој ѝ ја посветил во 1984 година, кога среде ноќ дошол пијан дома заедно со пријателите.
Шаулиќ пред само 4 месеци открил како била создадена оваа песна.
Едно утро дојдов дома со екипа од доста пијани другари. Гоца ме нападна зошто влетавме како „Индијанци“. Ме праша што правам и сè ми изназборува, рече Шаулиќ во последното гостување во емисијата „Балканска улица“.
Свесен дека е виновен, тој се сетил како ќе ја смири бесната сопруга, па во свој манир ѝ ја испеал оваа песна која ја смислил во тој момент.
Taa песна стана една од неговите најпознати песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.