Откако ги загрижи фановите со фотографија објавена на Инстаграм од болнички кревет , Северина денеска уште еднаш им се јави на фановите. Таа во новата објава најави нов спот , што ќе биде објавен во понеделник, на 15 април. Фановите во коментарите изразиле загриженост за нејзината претходна објава од болнички кревњет.

Северина ги смирува дека се е во ред. Нејзиниот портпарол, Давор Гргин за хрватските медиуми изјави дека Северина имала рутинска операција од хернија, што веќе долго време и прави проблеми и има болки. Поради тоа минатото лето дури и откажала некои настапи од силните болки.

Зафатот помина добро и веќе денеска Северина ќе биде пуштена дома на домашна нега со препорака од докторот да мирува две недели, рече Гргин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.