Хрватската музичка ѕвезда Северина веќе неколку месеци се наоѓа во Хрватска, а последните неколку недели ужива на море, за што сведочат и фотографиите кои често ги објавува на својот инстаграм-профил.

На фотографијата 48-годишната Северина, во минијатурно црно бикини позира на лулашка во морските води, а притоа покажа дека нејзиното тело е во супер топ форма.

Летај високо, а нејзиното ново мото е YOLО – Северина напиша стих од нејзината песна „Магија“ покрај фотографијата од плажата Моро на групата острови Ступе, во близина на Корчула.

Забележливо на фотографијата е што Северина е без нејзиниот сопруг Игор Којиќ.

Сè е супер, сè е во ред, но без Игор, недостасува – се коментарите на некои обожаватели покрај фотографијата.

Северина, по гласините за разводот, го поминува летото без сопругот, на кого, после четиримесечен молк, му испрати јавна честитка за неговиот 33-роденден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.