Голем број познати личности не можат да се пофалат со факултетска диплома, а некои од нив немаат завршено ни средно образование, и тоа го кријат „како змија нозете“.

Имено, фолк-пејачката Весна Змијанац, која жареше и палеше на југословенската естрада во 1970-тите и 1980-тите години нема завршено средно училиште, но има диплома за завршен дактилографски курс. Нејзината млада колешка Александра Пријовиќ има завршено само три години средно, а во една пригода јавно вети дека кога-тогаш ќе дипломира, пардон, матурира.

Основно училиште имаат Северина Којиќ и Дара Бубамара.

Сепак, поголем е бројот на пејачите со средно образование. Цеца Ражнатовиќ по струка е земјоделски техничар, Џеј Рамадановски автомобилски лакер, а Халид Муслимовиќ металостругар. Јелена Карлеуша и Драгана Мирковиќ имаат средно трговско училиште, а Сека Алексиќ – фризерско.

За среќа, има и факултетски образовани ѕвезди – Неда Украден има две дипломи – од Правен и Филолошки факултет, Здравко Чолиќ е дипломиран економист, а Сузана Манчиќ има диплома од Правен факултет.

Извор: Свет.рс


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.