Хрватската пејачка Северина и нејзиниот сопруг, Игор Којиќ, се во брак од септември 2015 година, а веќе неколку месеци во јавноста се зборува дека меѓу нив има огромни брачни проблеми.

Шпекулациите за разделба на 49-годишната Северина и нејзиниот 15 години помлад сопруг, дополнително се засилуваат со потези што тие двајца ги прават на социјалните мрежи.

Така, Северина и Игор ги избришале своите последни заеднички фотографии, што според балканските таблоиди, е сигурен знак дека разводот е неизбежен.

Северина минатото лето му го честиташе роденденот на Игор, во време кога  медиумите веќе пишуваа дека се наоѓаат во брачна криза, но таа роденденска честитка сега е избришана од Инстаграмот на Северина.

Истовремено, последната заедничка фотографија од парот, објавена од Којиќ, исто така веќе ја нема на таа социјална мрежа.

Затоа, пак, фотографиите што тие ги објавиле порано сè уште се наоѓаат на нивните профили на Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.