Поминаа 54 дена и поминаа „88 часа“, помина вечност додека тие „скијаат“, вели Северина во последната објава на „Инстаграм“, алудирајќи на нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ и судијката која ѝ го одзеде старателството над синот Александар.
За овој живот многупати доживеав неправда. Блиските ја продаваа мојата интима за мали пари, а за големи и сами знаете што сè може да се добие…
Сепак, на 28.11.2019, на ова лице имаше најмногу неправда и тага.
Поминаа 54 денови тага…
Но, во тие денови тага, имаше „88 часа“ радост и 54 дена нивен срам. А, мама добро ми рече – „немој Никој и Ништо да те растажи“.
„Никој и Ништо“ тој 28.11 ме излажаа и ми ги наметнаа нивните тага и срам, но не можат да ми ја тргнат насмевката… ни од оваа фотографија, ни моите бројни нефотографирани насмевки.Бидејќи „Никој и Ништо“ засекогаш ќе останат „Никој и Ништо“.
Понекогаш стануваат „Никој и Нешто“…
Можеби моментално „случајно скијаат“, но нас не можат сите да нè измамат.Не дозволувајте „Никој и Ништо“ да ви ги наметнат нивните тага и срам и да ви ја тргнат насмевката од лице.
Мене никогаш не ми го направиле тоа… ниту сега… ниту некогаш…
Фала Богу!
На крај, пејачката додаде и цитат од филмот „Kako je počeo rat na mom otoku“:
„Алекса врати се дома, ти зготвив тестенини.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.