Истрагата откри нови детали за возачот кој ја предизвика несреќата во која животот го загубија кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ и музичарот Мирсад Кериќ.
Турчинот Алсин Левент (35) кој ја предизвика сообраќајната несреќа се уште се наоѓа во затвор, а спрема најавите на државниот истражувач секојдневно се чекаат извештаите од сообраќајната несреќа кои треба да бидат комплетирани.
Обвинетиот дефинитивно немал возачка дозвола – вели регионалниот германски новинар Карстен Боргмајер.
Тој додава дека за време на несреќата владеел вистински хаос на автопатот и дека возачот по несреќата по итна постапка бил ставен во затвор, а пејачот и музичарот биле пренесени во болница.
Тој откри уште еден непознат детаљ од несреќата имено возачот освен без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба возел и под дејство на дрога.
Станува збор за канабис кој го конзумирал претходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.