Семејството на Шабан Шаулиќ одлучи во негова чест да направат спомен куќа во родниот Шабац. Како што дознава Информер, оваа идеја ја дала младата ќерка на пејачот Илда, а нејзината мајка, брат и сестра ја поддржале бидејќи сакаат да го задржат споменот на кралот на народната музика.

Шабан многу го сакал својот роден град иако на многу млади години се преселил во Белград. Поради тоа неговите најблиски веруваат дека семејната куќа во Шабац е вистинското место за мал музеј во кој ќе се најдат предмети кои го одбележале животот на пејачот и неговата 50 годишна кариера.

„Илда дојде до идејата дека од недвижнините во Шабац, кои сега се водат на нејзино име, да направиме спомен – куќа во име на нејзиниот татко. Тоа го предложи на нејзината мајка Гоца, сестрата Санела и на братот Михајло, на кои многу им се допадна идејата и веднаш ја поддржаа“, за Информер кажа доверлив извор.

Пред куќата ќе биде изложен и чамецот кој пејачот го користел кога одел по роболов, како и трските со кои ловел риба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.