Пејачот Дарко Лазиќ пред неколку дена примил заканувачки пораки од извесен Џони, кој во порака му сугерира да не го споменува Вељко Беливук и Марко Миљковиќ на полицијата.
Според зборовите на извор на српски Курир, дотичниот Џони му порачува на фолкерот дека ќе има работа со него, ако ги спомне на полицијата.
Здраво Дарко, Џони е, вака, гледам дека се правиш луд, даваш некои изјави во полиција како не сум ти го платил автомобилот. Како да платам свој автомобил, кој никогаш не си ми го ни платил, дебилу наркомански. Ќе настрадаш ако слушнам дека си ме споменал мене, Веља или Маре – пишува во порака која ја примил Лазиќ.
Како што неодамна се пишуваше, Лазиќ е сослушан во полиција поради автомобилот мерцедес ЦЛК, кој во 2014 година и го подарил на поранешната сопруга Ана Севиќ. Се шпекулираше дека автомобилот го продал на извесен Никола Црни, близок на кланот на Невоља. Дали Црни ги праќал пораките на Лазиќ се уште не е познато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.