Селена Гомез за време на снимањето на Јутјуб туторијал призна дека e сигурнa oti сите нејзини поранешни момчиња мислат дека е луда.

Знам дека сите тие мислат дека сум тотално луда, но не ми е грижа – изјави таа.

Меѓу нејзините поранешни момчиња спаѓа и познатиот пејач Џастин Бибер, а Селена се пошегува и дека никогаш нема да се венча.

Се надевам дека во иднина сепак ќе најдам сродна душа. Но, тешко е да излегувате на состаноци сега кога е карантин – вели таа и напомена дека нејзиното признание не е повик за момците да ја канат на состанок.

Смешно е што објавувам песни во кои зборувам дека сакам да најдам момче што поскоро, а во реалноста не е баш така. Со мажите е тешко – додава Гомез.

Пејачката долго време го привлекуваше вниманието на светските медиуми поради својата проблематична врска со Бибер. По повеќе раскинувања и смирувања, тие одлучија, сепак, секој да си продолжи по својот пат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.