Вера Хорват во исповед за српски Курир сведочи како Јелена Карлеуша се изживувала над неа од моментот кога во јавност изби нејзината афера со Огњен Врањеш.
Во последно време Јелена Карлеуша на јавноста и го покажа своето арогантно лице, но ни дека ни дома не била многу подобра сведочи нејзината долгодишна помошничка и дадилка на нејзините деца.
Полни десет години работев во семејството Карлеуша-Тошиќ. Дојдов како дадилка, а потоа со тек на годините станав и домашна помошничка. Атина имаше осум месеци кога почнав да се грижам за неа, а потоа се роди и Ника, па продолжив да ги чувам двете. Како не можев сама, ја доведов и сестра ми Каја и заедно водевме сметка за семејството- ја започнала својата исповед Вера Хорват.
Сестра ми и јас многу ги сакавме ќерките на Карлеуша и тешко ни е што веќе не ги гледаме. Меѓутоа од јануари наваму, откако тргна аферата со фудабалерот, почна неиздржливиот притисок. Се обидуваваме да не обрнуваме внимание, но се се прелеваше на нас. Испадна дека сестра ми и јас сме главни виновници за се. Ми велеше: Селанко, јас те плаќам и можам да ти правам што сакам!Со Душко постојано се караа, Душко и велеше дека е курва, а таа му префрлаше за љубовниците. Не можев повеќе да издражам и си заминав, иако сум без динар- рекла Вера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.