Во Белград денеска се одржа погребот на кралот на српската народна музија, Џеј, Рамадановски, а во Алејата на почесни граѓани се собраа голем број пријатели, соседи и колеги на Џеј, како и граѓани кои дојдоа да му искажат последна почит.
Џеј беше погребан според муслиманските обичаи, а на гробиштата му беше исполнета и последната желба на Џеј, да биде погребан со 50 виолини.
Откако погребот заврши, на гробот на пејачот говор одржа муфтијата Мухамед Јусуфспахиќ, кој ги трогна сите присутни.
Драги Боже, се молиме да му ги простиш гревовите на нашиот брат Џеј Рамадановски. Те молиме да ја примиш нашата молитва. Бог е еден како и да го именуваат. Дојдовме сите заедно да се помолиме за душата на човекот кој ни ги разубавуваше деновите. Ви благодарам на сите во име на Исламската заедница што го покажавте духот на Србија и на Дорќол. Ова е само почетокот, затоа што Адам не е создаден на Земјата туку во Џенетот (Рајот). Тоа е нашата куќа – порача муфтијата Јусуфспахиќ.
Тој додаде дека Џеј секогаш и секаде каде што ќе се појавел носел прекрасни емоции и насмевка и дека тоа на Бог му е драго и мило.
Џеј почина на 6. декември од срцев удар, по кој лекарите безуспешно се обидуваа да го вратат во живот. Тој ги остави двете ќерки Ана и Марија, како и поранешната сопруга, Нада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.