Пејачката Сека Алексиќ ја отвори вратата од нејзиниот реновиран гардеробер и покажа како изгледа богатата колекција од облека и аксесоари.
Во јавноста е познато дека таа е голем љубител на бредирани парчиња, но сега ситуацијата е поинаква.
Повеќе не сум роб на чантите и брендираните обувки. Ова сè што гледате е од периодот кога бев помлада. Кога ќе станете мајка, најважно е да купувате работи за децата, а не за себе – вели Сека за „Ексклузив“ и објаснува што најмногу носи по дома.
Претежно носам патики и лежерна облека. Често сум на прошетка, на велосипед или на мотор. На крајот на денот, секогаш сме во маици со прерамки или обична бела маица.
Бев во Лисабон и долго барав чевли со превртена кожа. Пробував 37 и пол и 38 и пол, продавачката се збуни во тој момент ги спакува чевлите од различен број и ги носев.
Не можам да бидам во фустани од кои што не можам да дишам, но понекогаш треба да снимам видео и 12 часа. Вељко ми зеде опуштени фустани од Австрија, ова се некои модели што може да се носат и на рамни и на високи потпетици – вели Сека.
Вредноста на нејзината гардероба се проценува на околу 500.000 евра, имајќи предвид дека торбите и обувките чинат од 1.000 до 10.000 евра за парче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.