Глумицата Леа Ремини, поранешен член на Сајентолошката црква, а денес нејзина голема критичарка, е убедена дека Том Круз чека неговата ќерка Сури да стане полнолетна, па тој „да ја земе од нејзината мајка“ и да ја привлече во сајентологијата.
Том, наводно, нема никаков контакт со неговата ќерка, бидејќи на сајентолозите не им било дозволено да одржуваат односи со луѓе кои не се членови на таа верска заедница.
Сајентолозите сметаат дека Кејти Холмс (поранешната сопруга на Том и мајка на Сури), им е непријателка и затоа Том, како и другите верници, смета дека тој не треба да има врска со Сури. Уверена сум дека тој има злокобен план, па чека да биде малку постара за да ја раздели од мајка ѝ, па да ја намами во сајентологијата, тврди Леа во изјава за „Њујорк пост“.
Круз, патем, не ја видел ќерка сѝ седум години. Таа сега има 14 години. Леа, исто така, нагласи дека била изненадена кога Кејти го напуштила Том.
Ја познавав додека беше во сектата и ми се чинеше дека е доста индоктринирана. Но, јас сега разбирам дека таа стори сé за да ја заштити нејзината ќерка. Претпоставувам дека имала некаков план за да ја заштити… Кејти ја извлекла Сури од нешто многу отровно и опасно за неа!, вели Леа.
Според глумицата, Том дека не е добра личност затоа што продолжува смирено да гледа како животот на некои луѓе се уништува и воопшто не му е грижа за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.