Уште пред да влезат во реалното шоу „Парови“, Милјана и Милојко станаа популарни ширум регионот поради разлика во годините. Таа има 21, а нејзиното момче со кого планира свадба има 74 години.
Нејзините родители веќе јавно кажаа дека не сакаат да имаат ништо со неа, а сега таа откри дека всушнот нејзиниот татко е виновен што таа сака постари мажи.
Не ме интересира што вели татко ми, не сакам ни да зборувам за него. Мајка ми се јави и ни даде голема поддршка, и да ми се јави татко ми сепак нема да биде сè во ред после се што ми направи. Тој отсекогаш беше строг со мене. Ме малтретираше кога бев мала. Ме тепаше и секогаш ме казнуваше. Не се сеќавам дека некогаш ме земал во скут како ќерка и да ме прегрне. Цел живот страдам поради тоа, затоа и сакам постари мажи, рекла Милјана.
Таа нагласила дека многу ѝ е тешко кога ќе се потсети на тие ситуации и дека е многу повредена и тажна кога се присетува на тие денови.
Многу пати му давав шансса да се подобри, да ми се доближи, но за сите овие години тој само ме понижуваше и сега се срами од мене, а тоа за мене е многу болно, рекла Милјана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.