Александра и Филип Живоиновиќ се преселија во новиот дом во близина на местото каде што живее Лепа Брена. Иако и кујната им е средена и врвно опремена во нивниот дом, сепак храната стигнува исклучиво од куќата на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ.

Пејачката само што стана мајка, но сè уште ѝ сметаат мириси и не сака храната да се подготвува во нејзиниот дом, поради што ѝ носат храна за неа и бебето од куќата на Брена. Со оглед на тоа дека новопечената мајка дои, сите се трудат да се храни многу здраво.

Иако раната од царскиот рез сè уште и е свежа, па тешко се движи, Александра се чувствува одлично и ужива во секој момент со својот наследник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.