Марина Туцаковиќ, која водеше битка со канцер, откри дека закрепнува и уредно прима терапија, но дека оптимизмот никогаш не ѝ недостигал.
Се уште не е се во ред, под терапија сум, а прогнозите ги знае само оној горе. Ми недостига малку повеќе да се движам, малку повеќе да излегувам, но навикнав секогаш нешто да ми фали, така што во ред е, може и вака – рекла Марина и признала што ја одржало во најтешките моменти во борбата со страшната болест.
Многу е тешко. Сите оние кои велат дека треба да се бориш во тие моменти не знаат дека тогаш не знаеш каде ти е главата, а каде задникот. Оставаш работите да одат по својот тек, им се препушташ на докторите и судбината и секако не размислуваш за смртта – рекла таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.