Дуа Липа и Рита Ора не се во добри односи, што се виде и од тоа како тие двете се избегнуваат една со друга на Мет гала вечерта што се случи завчера во Њујорк.

Тоа е штета, знаејќи колку тие две беа блиски и како Дуа постојано говореше како ѝ се восхитува на Рита, изјави неименуван соработник на поп-пејачките за списанието „Сан“.

Причините за конфликтот не се соопштуваат, но гласините говорат дека тој настанал поради тоа што Липа сега е нешто поуспешна од својата пет години постара колешка и сонародничка.

До пред две години, тие важеа за многу блиски пријателки, бидејќи откако се преселиле од Косово во Лондон, оделе во исто училиште, а и нивните семејства биле блиски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.