Српската водителка Милица Кон од шоуто „Брак на невидено“ и сопруга на музичарот Марко Кон, пред јавноста искрено откри дека точно знае каде и кога со сопругот се заразиле со коронавирус.

Милица сподели видео кое покажува дека таа и нејзиниот сопруг биле на свадба минатиот викенд, а една недела подоцна завршила во ред пред ковид амбулантата и наскоро добила позитивен резултат.

Дали се сеќавате како јас и сопругот бевме на свадба пред седум дена и дека бевме многу убави? И секако пред седум дена сите нè предупредија да не одиме на прослави затоа што коруната дивее. Но, не, ние бевме во фазон ако седиме на нашата маса, нема шанси тоа да ни се случи, признала Милица во видеото што го споделила, а под кое многумина и посакуваат брзо закрепнување.

Во опист на видеото таа вели: „Коронице, што правиш, како си овие денови? Ајде да се дружиме малку … Остани дома, не биди глупав како мене“.

@milicakonHello Coronice sta radiš kako si ovih dana? Daj malo da se družimo…. Ostanite kod kuće, nemojte biti glupi kao ja… ##corona ##stayhome @markoj.kon♬ original sound – Milica Kon



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.