Некогашната натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“, сега влогерка од Куманово, Ивона Јовановиќ, со своите 25.000 следбеници на „Инстаграм“ gi сподели проблемите со кои се соочува како крупна девојка. Вели 24 години се прикривала и често денот не ѝ поминувал без критика кон себе. Затоа одлучила да стави крај на таквото размислување, па позираше во тесен фустан, каков вели отсекогаш сакала да носи.
Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишок кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танги и слично.
Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години.
И најтешко од се знаете што е? Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш.
Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што? Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна. Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така.
Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе.
Избери приоритет и грижи се за себе. Затоа што тоа е единствениот пат кој води до себеприфаќање, сподели Ивона.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.