Душко Тошиќ решил уште некое време да остане во Србија крај сопругата Јелена Карлеуша, на која на почетокот на март и почина мајката, Дивна Карлеуша.

Фудбалерот на кинескиот Гуанжу се доверил на пријател и му рекол дека стравува пејачката да не си напарави нешто на себе си, па поради тоа го поместил враќањето во Кина.

Јелена тешко ја поднела мајчината смрт и никако не си доаѓа на себе. Таа се уште е во тешка психичка состојба. Не може да се помири со тоа дека Дивна веќе ја нема. Постојано плаче и пие лекови за смирување. Скоро со никого и не зборува. Душко никогаш ја нема видено во таква состојба. Тој ја разбира нејзината болка и сака да и помогне. Тој најдобро знае колку Дивна и Јелена беа поврзани, како и тоа дека многу пати му плачела додека мајка и се борела со тешката болест. Јелена во неколку наврати му зборувала дека нема да може да поднесе ако Дивна почине, затоа сега се плаши дека може нешто да си направи на себе си – рекол извор близок до семејството.

Тој вели дека Тошиќ прави се да и помогне на сопругата да го преброди најтешкиот период и да се избори со состојбата во која се наоѓа.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.