Снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ засега се откажува, одлучил директорот на продукцијата Саша Поповиќ. Оваа одлука доаѓа поради смртта на Дивна Карлеуша, која покрај тоа што е мајка на Јелена, член на жирито, беше и лична пријателка на Поповиќ.

Снимањето на музичкото шоу ќе продолжи по неколку недели, а како што пренесува српски „Курир“, на местото на Јелена Карлеуша како дел од жирито и тренер на натпреварувачите, ќе биде поставена замена. Кој ќе ја заменува Карлеуша засега не е познато.

Пејчаката некое време нема да се појавува во јавност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.