Пејачот Дарко Лазиќ веќе не сака ни да чуе за поранешната сопруга Ана Севиќ, со која официјално се разведе пред само неколку дена. Кога во едно интервју го прашале да ги спореди пејачката со сегашната свршеница Марина Гагиќ, тој избувнал.

Те молам, веднаш ќе се оградам! Не сакам ни во еден момент да ги споредам Марина и Ана, тоа би било како да ти барам да споредиш нешто неспоредливо. Тргни ме од тоа. Се ослободив од тоа зло од жена. Животот ме награди и сега не сакам да ја спомнувам бишата жена во никаков контекст. Поранешниот живот е зад мене, го живеам новиот. Ова е мојот нов живот – Марина и нашиот син Алексеј! Можам да зборувам само за Марина, рече Лазиќ за „Свет“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.