На Балканот денеска одекна веста дека фолк ѕвездата Светлана Ражнатовиќ Цеца е позитивна на новиот коронавирус. Тестирањето покажа дека заболен е и нејзиниот син Вељко.

По веста, Цеца се обрати преку „Блиц“

И јас и Вељко се чувствуваме добро, немаме никакви симптоми. Засега сме во домашна изолација и чекаме повторно тестирање, соопшти таа.

Цеца прво направи серолошки тест кој беше негативен, но ПЦР тестот покажа дека пејачката сепак има вирус. Позитивна е и сестрата на Богдана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.