Јелена Карлеуша вчера вечерта била многу исплашена од новинарите и не смеела ниту да помисли да излезе пред фотографите на аеродромот Никол Тесла. Пред доаѓањето во Белград таа организирала спектакуларен бег од седмата сила, на кој би и позавиделе и светските ѕзведи. Не е познато кој и помогнал во реализација на планот и дали е се законски направено, но со оглед на тоа дека татко и е поранешен полициски начелник, постои сомнеж дека тој и помогнал да се сокрие од јавноста, барем еден ден.

Се дознава дека Карлеуша во Белград стигнала со лет од Истанбул и точно знаела како и каде да ги избегне новинарите.

На летот била маскирана така што никој не можел да ја препознае. Седела во прва класа, а по пристигнувањето на авионот во Белград веднаш излетала надвор – рекол извор на српски Курир.

Потоа ја спровеле преку таен излез. Одвезена е низ преминот на западниот дел на аеродромо, во близина на царинскиот терминал. Незабележано им избегала на медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.