Својот пријател и колега Драган Вучиќ, пејачката Росана Сариќ- Тодоровска нагалено го викала Вукле. Росана е во голема тага и во шок од ненадејната смрт на Вучиќ, кој завчера утрото почина од вирусот Ковид-19. Вели дека е револтирана од луѓето кои го напаѓале, а ги следеле неговите емисии, пишува „Женски магазин“.

Таа се сеќава на многу нивни заеднички дружења, снимања, и смеење до рано наутро.

Никогаш нема да го заборавам последното снимање кај него во автобус. Вака ми кажа: „На тебе Роки мора да ти направам две емисии, бидејќи сакам да се отвориш пред мене и публиката, бидејќи знам дека имаш многу нешта да кажеш. И навистина беше така. Меѓусебно малку се искаравме заради мојата килажа и неговата, и си ветивме дека ќе се вратиме на старо. Многу пати сум била револтирана од луѓе кои едноставно го напаѓаа а воедно и ги гледаа неговите емисии. Јас денес пак ќе кажам дека е неблагодарно да напаѓаш некого а да не го познаваш. Бар малку да го познаваа, ќе знаеја дека тој беше позитивен човек, полн со идеи кои и тоа како и ги реализираше. Уметник, пријател и вреден човек, и тоа како вреден“, вели Росана и додава дека ќе ѝ останат само убавите спомени од дружбата со нејзиниот Вукле.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.