Популарниот српски пејач, Саша Матиќ, од неодамна отпочна нов бизнис. Како што пренесува „Блиц“, Матиќ заедно со неговиот менаџер и неколку пријатели започнаа со изградба на голем туристички објект на планината Тара, во западна Србија.
За време на пролетта архитектите работеа на навистина комплексен проект. Веќе во јуни започната е изградбата на 30 апартмани, а според плановите се треба да биде завршено во мај следната година, објаснува извор добро упатен во целата приказна.
Од „Блиц“ пишуваат дека се обиделе да стапат во контакт со пејачот, но тој не одговарал на повиците. Но, тоа што може да се види на инстаграм профилот на Саша Матиќ е дека тој со семејството ужива на Црногорското крајбрежје каде поседува луксузна вила од 18-ти век, во која своевремено одмарал и Петар Петровиќ-Његош.
Времето на море, семејството Матиќ го искористи и да го прослави роденденот на најмладата наследничка која пред неколку денови го славеше тринаесетиот роденден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.