Саша Ковачевиќ на 6 април ќе одржи концерт во Арената „Борис Трјковски“ во Скопје. Во интервју за „Република“ Ковечевиќ ни откри каква музиката сака да слуша, која му е омилена книга и филм…
Каква музика слушате за своја душа?
Главно сакам да слушам џез…Слободното време главно го користам да гледам некој добар филм или џез. Го сакам џезот зошто тоа е навистина музика која не треба гласно да ја слушате, смирува, не обрнувате внимание…Се разбира има доста странски изведувачи кои сакам да ги слушам, но првенствено ќе го издвојам „смут џез“ како нешто што ме релаксира.
Имате ли омилена книга или филм?
Немам некоја одредена ниту книга ниту филм. Јас сум филмофил и сакам да изгледам филм со добра продукција, но немам некој одреден што ми е омилен. Има навистина мнпгу добри и филмови и книги но никогаш не би можел да направам вистинска селексција во смисла, еве овие се моите омилени топ три книги или филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.