Српскиот пејач Саша Ковачевиќ кој на 6 април ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената, ангажирал дури 200 статисти за снимањето на новиот спот за песната „Преварена“. Ковачевиќ изминатиов викенд беше во Скопје и во интервју за „Република“ раскажа за видеото, кое е снимано во Мароко, како се нашол во музичките води, за љубовта кон книгите и филмов, каде ќе го помине летото…

Доаѓа лето. Имате ли некакви планови каде ќе настапувате во текот на летните одмори?

Да, кај нас летната сезона секогаш е исполнета и работиме секој викенд. Конкретно датуми и места сеуште не знам, но редовно ги известуваме фановите на социјалните мрежи и така тие секогаш знаат каде настапуваме. Се надевам дека и оваа летна сезона ќе биде како претходната.

Дали ќе дојдете повторно во Македонија во текот на летото?

Се разбира, овде се чувствувам како дома.

Со оглед на тоа дека сте постојано ангажирани и многу работите и настапувате, што претставува за Вас совршен одмор?

Идеален одмор за мене секако подразбира идеална екипа. Што се однесува до мене идеални се одредени дестинации каде нема многу луѓе. Сакам кога одам на одмор, сосема да го разбистрам мозокот и десеттина дена да бидам без телефон. Тоа за мене е идеален одмор. Оваа година навистина не знам кога ќе можам да одам на одмор, се тоа зависи од работата, но кога ќе имаме некој слободен викенд го користиме за одмор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.