Српскиот пејач Саша Ковачевиќ со мала екипа тргна кон Доминиканската Република за да сними неколку видеоспотови за новите песни. Но, на аеродромот во Њујорк бил приведен од страна на аеродромската полиција.

Го тргнаа од редовниот лет, го одведоа во посебна просторија и таму го држеа неколку часа. Бесен беше, раскажува пријател за „Свет“.

На крај, се покажало дека бил приведен поради грешка, но и поради заострените мерки на аеродромите низ САД. Но, ова го чинело Ковачевиќ доста, бидејќи го пропуштил редовниот и морал да купи нови карти за следниот лет.

Одвои повеќе од 30 илјади евра за ова патување на кое планира да работи и да снима и воопшто не му се фрлаа пари на вакви глупости, додал изворот за српскиот магазин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.