Александра Пријовиќ ужива во мајчинството, но по се судејќи, не се откажува од ноќните излегувања поради малото бебе.
Пејачката со сопругот Филип Живоиновиќ во среда вечерта се појави на настапот кај венчаниот кум Ацо Пејовиќ, каде лумпувала до зори. Тој пеел на отварање на еден сплав, а таа тоа не сакала да го пропушти.
Папарацото ја фатил пејачката и посинокот на Лепа Брена на сплав, а штом влегла во клубот на вода, Прија веднаш запалила цигара. Присутните коментирале дека цигарата не ја испуштала цела вечер од раце. Таа е зависна од никотинот, а нејзиниот маж од алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.