Драматичен момент го одбележа финалето за наптреварување за Мис Африка. Во моментот кога Мис Конгон, Доркан Касинда требало да ја преземе круната, нејзината коса ја зафатил пламен од пиротехничките средства.
На африканската убавица и честитала минатогодишната победничка Гасеангве Балопи од Боцвана кога исрки влетале во нејзината коса и се запалила. Следувале ужасни врескања од сите присутни, затоа што делувало дека девојката може да изгори.
За среќа не претрпела повреди.
– Добро сум, а мојата коса… и таа е добро Сега се чувствувам добро, порачала таа преку Твитер.
Инаку победничката како награда освои 35.000 долари и спортски автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.