Животот на славната манекенка која едно време беше во врска со најпосакуваниот холивудски ерген Леонардо Ди Каприо, со години ја интригира јавноста, бидејќи е далеку од секојдневие.
Имотот на изралеската убавица Бар Рафаели е проценет на 25 милиони долари, а изгледа дека таа сакала да заштеди не плаќајќи данок на Израел, правдајќи се дека поголемиот дел од времето е во странство, а не во нејзината матична земја. Судот ѝ наредил да плати осум милиони долари долг за периодот од 2009 – 2010 година.
Нејзините адвокати ја бранеле, тврдејќи дека таа скоро цело време била во САД и дека живеела со своето момче Леонардо ди Каприо.
Сепак, подоцна се докажало дека Бар поминувала повеќе од 150 дена годишно во Израел. Истовремено манекенката ги информирала американските даночни власти дека живее во нејзината матична земја и таму плаќа даноци. Сепак, на крајот се откри нејзината лага.
Инаку, израелските граѓани кои живеат во странство не се обврзани да ги пријавуваат своите приходи надвор од земјата. Но, израелските власти ја обвинија манекенката и нејзината мајка дека пријавиле измислен престој во странство со цел да плаќаат пониски даноци во земјата.
Манекенката ја плати казната, но нејзината мајка отиде во затвор, каде одлежала 16 месеци, а истовремено плати парична казна од 2,5 милиони шекели и ги плати заостанатите даноци. Беше ослободена од затвор во мај годинава, по 12 месеци издржување на казната.
Поранешниот „Ангел на Викторија“од 2015 година е во брак со претприемачот Ади Езра (46), кој по потекло е од Израел, исто како неа. Двојката ги има ќерките Лив (4) и Елу (3) и синот Давид (1).
Бар Рафаели предизвика големи контроверзии кога избегна да отслужи две години задолжителен воен рок, мажејќи се за пријател на нејзиниот татко и потоа се разведе од него. Во Израел омажени жени и трудници се ослободени од воена служба.
Таа се занимава со манекенството скоро цел живот, почнувајќи од најраните денови кога како осуммесечно бебе се појави во неколку телевизиски реклами.
На 12-годишна возраст престанала да се занимава со моделство затоа што носела протеза за забите. Неколку години подоцна, продолжи со работата како фотомодел, а во 2000 година, победи на модниот натпревар „Модел на годината“ во Израел и така започна нејзината манекенска кариера.
Бар се појави во меѓународните изданија на списанијата „Вог“,„Максим“ и „Ескваер“. Соработуваше со познати брендови вклучувајќи ги „Шанел“, „Ралф Лорен“, „Викторија Сикрет“ и „Рибок“. Таа во 2007 година, стана втората израелска манекенка што се најде на насловната страница на списанието „Спортс илустрејтед“.
Бар Рафаели е успешна и како водителка, од 2013 година го води шоуто „Икс Фактор Израел“, а во 2019 година беше водителка на Евровизија што се одржа во Тел Авив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.